matte

Но не треба да бидете загрижени и да имате нешто порачано!

Познатата онлајн  продавница ASOS од која облека нарачуваат и Македонките, јавија дека во нивниот склад во Германија изгорела роба во вредност од 8 милиони долари. Пожарот избил околу три часот наутро, во близина на Берлин.

Пожарот е изгаснат и за среќа никој не бил повреден. Инаку, ова не е прв пат на британскиот моден бренд да му се случи вакво нешто. Ним и во 2014 година им се запали главниот центар за дистрибуција во Лондон кога во пожар отидоа дури 38.7 милиони долари облека. Полицијата го истражува случајот, но сега за сега се уште не е позната причината за пожарот.

Вработените во ASOS ги смируваат своите муштерии и порачуваат дека никој нема ни да забележи дека се случил пожарот бидејќи нарачаната роба ќе биде испорачана навреме. Тие во моментот нудат и 20 отсто попуст на тренди фустани, комбинезони и здолништа, а доколку сакате да видите некои од нив, скокнете во нивната продавница тука.

barate

loading...


МОЖЕБИ ЌЕ САKАТЕ ДА ГО ВИДИТЕ И ОВА

 

ПОПУЛАРНО