На матурската забава секој сака да изгледа оригинално и незаборавно.

Но Ерин Пејсли ги засени сите со својот матурски фустан.

Ерин од сите предмети најмногу ја мразеше математиката, па токму затоа реши од мачните задачи да си сошие фустан. И не само тоа! Оваа млада девојка е свесна дека многу други девојки како неа не се во можност да се запишат и да го продолжат образованието, па сакајќи да го сврти вниманието кон женските деца во светот, Ерин го соши овој необичен фустан. Таа истиот го понуди на аукција, а парите ќе ги донира во фондацијата Малала која допринесува за достапноста на средношколското образование на сите девојки кои што сакаат да учат.