matte

Од денес па се до 1 септември ќе трае уписот на првачињата во основните училишта во земјава, а во кои ќе можат да се запишат околу 20.000 нови ученици.

Во прво одделение ќе се запишуваат деца што се родени во 2011 година и до крајот на календарската 2017 ќе наполнат шест години. Во прво одделение може да се запише и дете родено во јануари 2012 година, а кое до 31 јануари 2018 ќе наполни шест години.

- При запишување родителот, старателот, со детето треба да дојде до педагошката служба во училиштето со извод од Матична книга на родените за детето, само за увид, лекарска потврда за примени задолжителни вакцини на детето издадена од надлежна здравствена установа, потврда за стоматолошки преглед издадена од стоматолог на јавно здравство, лични карти од двајцата родители или старатели како доказ за местото на живеење. Доколку детето посетувало градинка, родителот при упис може да достави и досие на детето издадено при испис од градинката. Детето може да биде запишано во училиште ако полни 6 години и по 31 јануари 2018 година, по претходно барање на родителот и добиено позитивно мислење од педагогот и психологот во училиштето. По барање на родителите запишувањето на детето може и да се одложи, но единствено со потврда издадена од здравствена установа, која ќе утврди дека не е подготвено да оди на училиште. Основното образование е задолжително, а родителот/старателот на детето е должен да го запише во реонското училиште и е одговорен за негово редовно посетување на наставата - велат од Министерство за образование и наука.

 

 

barate

loading...


МОЖЕБИ ЌЕ САKАТЕ ДА ГО ВИДИТЕ И ОВА

 

ПОПУЛАРНО