matte

Досега сме виделе бројни познати фото модели и уште попознати актери како го копираат препознатливиот стил на Мерилин Монро.

Но овој пат, наместо платинеста руса коса, впечатлив црвен кармин, бел лелеав фустан со А крој и нагласено деколте, манекенката Кендал Џенер во видео снимено за магазинот Life на еден поинаков начин го оживеа стилот на Мерилин. Таа го прикажа имиџот на познатата филмска дива но во малку поинакво издание – асоцијацијата недвосмислено потсетува на Мерилин Монро, но Кендал сепак си остана препознатлива.

Па, погледнете како Кендал со својата црна коса, класично манекенско тело (без нагласени облини и бујни гради) па дури и со потемен тен, успеа да го пренесе неверојатниот сексапил со кој Мерилин некогаш го освои целиот свет.

Па, дали ви се допаѓа Кендал во ова издание?

 

 

barate

loading...


МОЖЕБИ ЌЕ САKАТЕ ДА ГО ВИДИТЕ И ОВА

 

ПОПУЛАРНО