FaceBook  Twitter  

Погледнете го топлиот дом на познатата турска актерка

Турската актерка Дениз Чакир (34) која се прослави со улогата на Ферхунде, злобната снаа на семејството Текин во хит серијата „Кога лисјата паѓаат“ која беше популарна и кај нас, во моментов го доживува врвот од својата кариера со ликот Мерјем во популарната серија за мафијата која беше една од најгледаните во минатата година. Таа се досели во Истанбул во 2004 година и како и растеше славата (а со неа и заработката) така и ги менуваше становите. Во 2016 со своите маченца Шати и Пиринч се сели по четврти пат овој пат во стан од 200 метри квадратни кој се наоѓа на самото крајбрежје на Босфорот.

„Во претходните станови глумев дека сум среќна, можеби затоа што сум јарец во хороскоп па можам да истраам во намерата, но тука се чувствувам спокојно без никаков труд. На крајот излезе дека ми е потребно место со поглед на море, полно со преубава светлост и покриено со огледала. Ниту во една друга куќа не можев себеси да се гледам толку“, вели убавата Дениз и додава дека најважен дел од ентериерот и е плакарот со бројните книги, но и дека посебно води сметка да нема премногу пердиња и теписони. „Нив ги сакам само во спалната соба“, открива таа.

InStyle Home Aralık sayısında görüşürüz..😉 💃🏻💃🏻💃🏻

A video posted by Deniz Çakır (@denizcakir) on

Просторната куќа има салон, отворена модерна американска кујна, три големи соби и два тоалета. Но, Денис која ја сметаат за една од најубаво облечени Турчинки, една од собите ја претвори во гардеробер. Според фотографиите што ги објавува на социјалните мрежи, со големо задоволство својот дом го облече и во новогодишно уво, иако нејзиниот роденден на 31 декември го прослави работно на сет, заедно со нејзините колеги.

barate

    Кликни тука и внесете го Вашиот субјект бесплатно >>

loading...


МОЖЕБИ ЌЕ САKАТЕ ДА ГО ВИДИТЕ И ОВА

 

ПОПУЛАРНО

 

STIPKA 3TV PRESENTS


Почнете да не следите и на Инстаграм и освојте вредни подароци http://instagram.com/stipkamagazine >>

 

ШТО МИСЛИТЕ ЗА ОВА?

 

НАЈНОВО ...

ШИK ПРИКАЗНИ ...

WHERE CITY GUIDE

Единствен клуб ресторан во Скопје.
Хотелот располага со два ресторани, бесплатен интернет и рецепција која работи 24 часа. ...
Преубав ресторан во близнина на Манастирот Св. Наум Охридски
Александар Палас, водечки хотел во Македонија, се наоѓа на десниот брег на реката Вардар во близина на градскиот парк. ...
Хотелот со својата супериорна афтентичност се вклопува во срцето на Скопје. ...