Општина Кавадарци за Ристо Самарџиев и Тајфата на Димо Дулот требаше да издвои околу 5000 евра пари од граѓаните.

Но градот се откажа од дочекот на Нова година, а Ристо и Tајфата останаа без своите хонорари. Покрај Кавадарци и други неколку града одлучија да не трошат за новогодишни прослави и по примерот од Србија, парите решија да ги донираат за социјално загрозени семејства. Така беше и со Град Скопје кој им го откажа настапот на Каролина, Слаткар и Миле Кузмановски. Откако градот го објави ова, менаџерот на Kаролина на Фејсбук ги критикуваше заканувајќи се со тужба. Тој дури напиша и дека ќе направи иницијатива вработените во Град Скопје да донираат по шест плати, колку што требаше да заработат пејачите од настапот. Но токму висината на хонорарите предизвикаа негативни коментари на социјалните мрежи од страна на граѓаните. Тие се револтирани посебно за ѕвездите од соседството за кои понекогаш се даваат баснословни суми, како што е на пример 30.000 евра па и повеќе за само два часа настап.

Менаџерот на Каролина Гочева ќе покрене петиција Kоце Tрајановски да донира шест плати за сиромашните >>

Да не го заборавиме и тоа дека Каролина донираше 60.000 денари за настраданите семејства во поплавите додека досега не сме слушнале некој од нашите политичари да го направи тоа.

Од друга страна има и такви кои ги бранат своите ѕвездите, коментирајчи дека кога може Силвана Бонева да земе 23.000 евра за патни трошкови, можат и нашите најголеми ѕвезди да бидат убаво платени за своите настапи.

Што мислите вие ?