Бурак Озчивит опоменува во тежок период од животот бидејќи во прашање е загрозено здравје на неговата најблиска личност.

Откако неодамна и самиот заврши во болница поради повреда на снимањето, познатиот турски актер повторно се соочува со потешкотии во животот. Овој пат во прашање е неговиот татко со кој е мошне близок. Имено, пред неколку дена татко му е опериран, а итната операција буквално му го спасила животот. Избегнат е посериозен мозочен удар што можеше да му се случи, а Бурак од тогаш секој момент го минува со него.

И покрај тоа што лекарите го убедуваат дека со неговиот татко ќе биде се во ред, турскиот актер кој се прослави со улогата во Сулејман величествениот е мошне потресен поради целата ситуација. Драмата со неговиот татко кој со години се бори со проблеми на срцето, тој ја преживува мошне лично. Поради тоа се повлекол во себе, а најголема утеха во овие тешки моменти му е неговата сопруга Фахрије Евџен и мајката Џејхан.

barate

 


МОЖЕБИ ЌЕ САKАТЕ ДА ГО ВИДИТЕ И ОВА

 

ПОПУЛАРНО


Booking.com

 

ШТО МИСЛИТЕ ЗА ОВА?