Меланија НЕ може да погреши кога е стилот во прашање!

Меланија Трамп (47) ја пронајде својата формула до која се држи при осмислување на своите модни комбинации, па критичарите едноставно не можат да и најдат маана. Таа изгледаше прекрасно и на комеморацијата на жртвите од терористичкиот напад од пред 16 години кога се појави во фантастично all black издание со кое ги воодушеви сите.

Атрактивната Меланија којашто е родена во Словенија, ги воодушеви сите со црниот капут со А-крој од раскошен брокат со ефектни раменици кои дополнително ја нагласија нејзината беспрекорна линија. Покрај овој капут првата дама ги носеше и нејзините омилени црни високи потпетици, а феноменалната комбинација беше зачинета и со нејзината веќе препознатлива фризура и децентна шминка. Таа не робува на трендовите, а тоа го докажа и овој пат. „Не следам што е во тренд, туку се слушам самата себеси и го купувам она што ми се допаѓа најмногу“ изјави во една пригода 47 годишната Меланија која обожава shift фустани со едноставен крој кои ја следат линијата на телото и кои неретко ги нагласува со дебел ремен.

Па, дали ви се допаѓа Меланија во ова издание?

barate


МОЖЕБИ ЌЕ САKАТЕ ДА ГО ВИДИТЕ И ОВА

 

ПОПУЛАРНО


Booking.com

 

ШТО МИСЛИТЕ ЗА ОВА?