И покрај тоа што е успешен и како манекен, но и како актер, Бурак сепак најмногу внимание привлекува со својот љубовен живот.

Бурак Озчивит е еден од најпознатите турски актери.

Тој е роден во 1984 година во југоисточна Турција, а поради својата интересна појава, височина, убаво лице и дефинирано тело, Бурак лесно влезе и во светот на манекенството. Колку бил успешен зборува и фактот дека го освои првото место „Best Model of Turkey" и второто место на натпреварот „Best Model of the World“. Но тој отсекогаш сакал да се занимава со актерство па затоа и одлучи неговото школување да се движи во оваа насока.

Кариерата ја започна со серијата Екси 18, а потоа се појавува во бројни серии и филмски улоги. Најголема популарност стекнува со улогата во историската серија Сулејман Величествениот каде го глуми Бали бег, ликот со кој се прослави и во нашата земја. Но најмногу внимание привлекуваше со неговиот емотивен живот, а тоа е така и сега, откако пред само неколку дена се ожени со прекрасната актерка Фахрије Евџен.

Инаку, кога беше во врска со манекенката Џејлан Чапа,сите мислеа дека на познатиот турски убавец деновите му се одбројани. Но поради нејзината љубомора, нивната врска стана турбулентна, па тие наместо информации за венчавката, објавија вест дека се разделуваат. Малкумина знаат дека Бурак и во хит серијата „Ќе бидеш моја“ глуми со поранешната девојка Неслихан Атагул со која остана во добри односи и откако раскинаа, поради што и не им беше тешко пред камерите да глумат љубовен пар. Неслихан минатата година се омажи за колегата Кадир Догул, а интересно е што Бурак не се појави на нивната свадба, иако беше повикан. Кога го прашаа зошто не дошол, тој се правдаше пред новинарите дека во тоа време бил на патување низ Европа со неговата сегашна сопруга Фахрије.

На следната страна погледни ги поранешните девојки на Бурак >>

 




Cannes 2017 ✨✨✨

A post shared by Fahriye Evcen Özçivit (@evcenf) on


Kırmızı❤️

A post shared by Ceylan Capa (@ceylancapa) on

 

barate

 


МОЖЕБИ ЌЕ САKАТЕ ДА ГО ВИДИТЕ И ОВА

 

ПОПУЛАРНО


Booking.com

 

ШТО МИСЛИТЕ ЗА ОВА?