matte

Оваа жена е голем борец

Животната приказна на познатата српска актерка Сузана Петричевиќ (58) која меѓу другото ја памтиме и по нејзината улога во хит серијата „Село гори, а баба се чешла“ е исполнета со прекрасни улоги. Но неодамна на површина се појавија детали кои покажаа дека секогаш насмеаната актерка е голем борец. Имено, таа во интервју за магазинот Hello отворено зборуваше за нејзината борба со рак на дојката поради што мораше да се оперира во ноември минатата година, а за болеста не знаеше никој од најблиските.

„Мојата ќерка иако е во брак и има две деца, многу е млада. На памет ми паѓаа упатствата која треба да и ги дадам, па се предомислував за да не и ја отежнам работата. Ноќите ми беа најлоши, а преку ден, пред нив се однесував како да одам на операција на крајници. За болница се подготвував како да одам на пократок пат, па нешто да не заборавам. Не покажував емоции. Велат дека тоа е одбранбен механизам. Подоцна Теа и Петар ми кажаа дека долго време воопшто ни не разбрале за што станува збор“, вели Сузана во интервјуто за нејзината болест и односот со нејзината ќерка Доротеа која неодамна се породи.

Храбрата актерка го победи канцерот, а денес ги советува жените да го сфатат сериозно своето здравје. Таа ги игнорирале симптомите на големиот замор, и таквото состојба ја препишувала на пролетната исцрпеност, но за среќа на време се јавила кај својот доктор.

Инаку, покрај бројните претстави во Белградскиот национален театар и Ателје 2012, Сузана глумеше и во филмовите Преполовен, С.О.С. како и во најгледаната српска серија „Село гори, баба се чешла“ која беше хит и кај нас минатата година.

Извор: Blic.rs

barate


МОЖЕБИ ЌЕ САKАТЕ ДА ГО ВИДИТЕ И ОВА

 

ПОПУЛАРНО


Booking.com