Еве каква венчавка планираат Бали Бег и неговата свршеничка

Познатата турска актерка Фахрије Евџен и Бурак Озчевит познат по улогата на Бали бег во Сулејман Величенствениот кој во моментов не шармира и како Кемал во Бескрајна љубов, не сакаат долго време да бидат свршени. Тие по две години врска се свршија минатиот месец, а неодамна открија дека свадбата ја планираат за август

Точниот датум се уште не се знае како и местото каде што ќе биде свадбата, освен дека ќе биде во Турција, односно во Истанбул. Тие со тоа ставија крај на приказните дека свадбата ќе биде во Дубаи бидејќи целиот цех ќе го плател еден богат шеик

Семејството на невестата допатува од Германија во Турција, па поради тоа Бали бег за кратко време мора да се отсели од заедничкиот стан. Тоа пак од друга страна ни открива дека сé ќе се случува според традицијата, а тие најверојатно ќе го одиграат и познатиот зејбек кој го совладаа добро за потребите за снимањето на филмот „Љубовта личи на тебе“.

 

barate


МОЖЕБИ ЌЕ САKАТЕ ДА ГО ВИДИТЕ И ОВА

 

ПОПУЛАРНО


Booking.com

 

ШТО МИСЛИТЕ ЗА ОВА?