matte

Познатата хрватска водителка Антонија Блаќе одлучи да направи драстична бјути промена и нејзините руси прамени ги замени со кафеави.

Да, Антонија повеќе не е русокоса!

Познатата хрватска водителка Антонија Блаќе одлучи да направи драстична бјути промена и нејзините руси прамени ги замени со кафеави.

Таа ја подели оваа фотографија на Инстаграм каде ја следат преку 130 илјади фанови, а под сликата напиша „Поздрав, чоколаден свету“. Но многу повеќе внимание од промената на бојата привлече со нејзините необични шишки со кои предизвика лавина коментари.

Станува збор за шишки какви носат само најхрабрите девојки, со кои познатата водителка предизвика поделени реакции, а судејќи според насмевката на нејзиното лице, таа е презадоволна од новиот изглед.

Па, дали ви се допаѓа новата фризура на Антонија?

barate


МОЖЕБИ ЌЕ САKАТЕ ДА ГО ВИДИТЕ И ОВА

 

ПОПУЛАРНО


Booking.com