matte

Дами заборавете на овој убавец

Подготовките за свадбената веселба на најшармантниот турски актер веќе се во тек

Најпопуларниот турски актер од новата генерација, Бурак Озчивит, неодамна се вери со својата колешка и емотивна партнерка Фахрије Евџен, поради што разочара бројни обожавателки ширум Европа.

Актерот кој се прослави со улогата на Бали бег во Сулејман Величествениот раката на својата драга ја побара во куќата на нејзините родители во Германија, и за таа пригода, во духот на традиционалните турски обичаи, си разменија прстени кои сега постојано ги носат.

Тие неодамна се појавија на премиерата на новиот филм на Фахрије со скапоцените прстени, а дали вредноста на венчалните бурми ќе ја надмине цената на свршеничкиот накит, останува да видиме.

Преубавиот фустан што го носеше Фахрије на премиерата

Како и да е, денот кога убавата Фахрије ќе стане госпоѓа Озчивит полека но сигурно се приближува. Како што изјави и мајката на актерот, Џејхан Озчивит, Бурак и Фахрије треба да се венчаат за неполни три месеци.

„Фахрије и Бурак ќе се венчаат за три месеци, така е планирано. Сега сме во потрага за идеално место за венчавката“– изјави радосно мајката Џејхан за турските медиуми.

barate


МОЖЕБИ ЌЕ САKАТЕ ДА ГО ВИДИТЕ И ОВА

 

ПОПУЛАРНО


Booking.com