Нора Сам Шаќири Марковиќ пред неколку дена доби порака од некој Грга од која секој нормален човек би му се кренала коса на главата.

Но не и на Нора, која ја сподели на нејзиниот Фејсбук профил со следниов коментар: „ Ги обожавам ваквите јаки момци или девојки што и да се..Ве молам не се узрујавај те, се е оЌ..Не е прва порака Само сакаФ да споделам онака случајно шо би рекол овој Грга да не заборавиме со кого делиме прљав ваздух “.

Инаку, Нора е во брак со Марко Кума Марковиќ од „Бенд Овер“ со кого се венча оваа година. И покрај тоа што не се од иста националност и вероисповед, нивната љубов е неприкосновена. Токму затоа и ја одбравме фотографијата на која носи свадбен фустан, како контраст на шовинистичката порака која што ја доби на својот профил.

Искрено се надеваме дека на крајот ќе победи љубовта, а така пишуваше и на нивното знаме кое што го носеа дури и кога беа во матичното.

Па, наместо кавги и навреди, време е да победи љубовта ...

Бидејќи само така ќе има и мир!

А се' друго е перверзија!

Фото: Фејсбук/ Нора Шаќири

barate


МОЖЕБИ ЌЕ САKАТЕ ДА ГО ВИДИТЕ И ОВА

 

ПОПУЛАРНО


Booking.com

 

ШТО МИСЛИТЕ ЗА ОВА?