Новинарска екипа на Телевизија 24 беше нападната додека снимаше и ја вршеше својата професионална должност во Штип.

Фото: Илустрација

Екипата е нападната од страна на лице кое се претставило дека е обезбедување на трговскиот центар во Штип. Тој им пришол додека тие снимале видео материјал за Трговскиот и најпрво вербално им се заканил со зборовите „ќе ја искршам камерата“, а потоа замавнал, и се обидел да ја скрши.  Случајот е пријавен во полиција.

Извор: 24vesti.com.mk