На овој статус случајно налетавме на Фејсбук, па сакавме да го споделиме со вас, но и да ве замолиме, да помогнете ако можете.

Фото: Илустрација (Espreso.rs)

Инаку, ова го напиша актерката Сања Арсовска, а доколку можете да помогнете на било кој начин, напишете го тоа во коментарите под статусот на Фејсбук.

Вака другари, Во обид да згрижиме баба бездомник без документи, заглавивме во бирократски лавиринти. Бабата има Гангрена и е во очајна состојба, потреба е хоспитализација и терапија. Никоја болница не може да ја прими (ради немање документи), а социлајните центри не давале медицинска грижа. Вчера другарите од "Дуња" дозволија бабата да преспие кај нив, откако договориме сабајлево по неа да дојде социјален работник да го преземе случајот. Но, и тоа се искомплицира. Најверојатно ќе треба да ја вратиме бабата на улица зашто не сме во состојба да се грижиме за неа.

Има некој искуство или идеја за вакви работи?