Киану Ривс покрај тоа што е познат по неговите улоги, во последно време е поприлично популарен и по своите мудри изреки.

И покрај тоа што не се експонира постојано во медиумите, тој одвреме-навреме знае да се појави и да го замисли сите со своите филозофии и мудри ставови за животот.

Ова е една од неговите последни мудрости:

„Јас не можам да бидам дел од светот во кој мажите инсистираат на тоа да ги гледаат жените облечени како проститутки, инсистираат жените да се расфрлаат со оние делови од себе кои треба да се ценат. Каде што не постои концепт на чест и достоинство и каде што човек може да се потпре само на оние кои викаат "Ти ветувам" ...

Во свет во кој жените не сакаат деца, а мажите семејство. Каде што оние кои се всушност најпразни сметаат дека се успешни зад воланите на автомобилите на нивните татковци, а таткото кој има макар тронка моќ се обидува да ви докаже на вас дека вие сте никој и ништо. Каде луѓето лажно изјавуваат дека веруваат во Бог, постојано со чашка алкохол во рака и недостаток од билокакво разбирање на нивната религија. Каде што концептот на љубомора се смета за нешто од кое треба да се срамиме, а скромноста за слабост. Каде луѓето заборавија на љубовта и едноставно бараат најсоодветен партнер. Свет во кој луѓето го поправаат и најмалиот проблем на нивниот автомобил, нештедејќи ниту пари, ниту време ниту себеси - делуваат толку сиромашни што само автомобилот може да го прикрие тоа.

Не сакам да бидам дел од светот во кој момчиња ги трошат парите на нивните родители во ноќни клубови скокајќи издрогирани на примитивни звуци, а девојките треба во ова да се заљубат.

Каде мажите и жените веќе не се разликуваат ни полово.

Каде сето ова се погоре се нарекува "слобода на избор" но затоа оние кои ќе одберат друг пат од овој се жигосани како "ретардирани" - не доволно кул. Јас.. го избирам мојот пат, ненаметнат од општеството и тажно е што многу ретко можам да најдам слични размислувања кај луѓето меѓу кои сум сакал да го најдам повеќе од се' " - Киану Ривс.

Киану е извонреден човек, нема да ви штети да размислите посериозно за овие зборови, без разлика дали навистина се негови, или некој други ги има споделено во негово име. Сепак, колку и да не сакаме да признаеме, во овие зборови има длабока порака и мнооогу вистина.

Што мислите вие?