Стрелецот на голот со кој РК Вардар ја освои титулата, Иван Чупиќ, рече дека негов крал е Вуко Борозан, но и дека е горд што е Македонец!

„Имам да кажам две работи. Првата е дека мојот крал е Вуко Борозан. А втората…Горд сум денеска што сум Македонец“, изјави Иван Чупиќ на шампионската бина на плоштадот „Македонија“ каде ракометарите беа пречекани од голем број фанови.