Проверете каква храна може да внесете во Грција.

grcija odmor1

Според  официјалните прописи, во Грција не е дозволено внесување на месо, млеко и млечни производи  од земји кои не се членки на Европската унија, а дозволено е да се носат до два килограми млеко во прав за бебиња или храна за бебиња, храна за посебни потреби како и најмногу  до два килограми храна за миленичиња.

Кога се работи за овошје и зеленчук, можат да се носат во количина до пет килограми. Што се однесува до внесување  на алкохол,  лицата постари од 17 години во личниот багаж можат да пренесат по еден литар алкохолен пијалок од  максимум  22%, четири литри вино и 12 литри пиво.

Туристите  кои во Грција патуваат со автомобили, преку патен сообраќај,  можат да внесат  со себе максимум 40 цигари, за разлика од патниците кои патуваат со авиони или бродови, кои имаат дозвола да носат со себе пет пати поголема количина.

Што се однесува пак до меѓународна возачка дозвола, прописите велат дека веќе не е неопходна, но доколку не ја поседувате би можеле да имате проблеми со наплата на штета во случај да учествувате во некаква сообраќајна незгода.

Некои осигурителни куќи во Грција при побарување на наплата на штета од трети  лица, бараат да се поседува и меѓународна возачка дозвола. Доколку другиот возач кој е виновен за несреќата поседува осигурување од куќа која инсистира на ваков документ, тогаш нема да можете да ја наплатите штетата.