Тие не негуваат сличен стил, но на оваа фотографија се облечени како по договор

Боки 13 во последно време е познат и по тоа што го прави она што политичарите најчесто го ветуваат, но ретко го остваруваат. Имено тој неколку пати се најде во центарот на вниманието повикувајќи ги граѓаните и сите што можат да им помогнат на неколку сиромашни семејства, а на некои од нив успеа и да им обезбеди основни услови за пристоен живот. Тој со неговата хуманитарна организација во изминатиов период успеа да им помогне на повеќе семејства од Македонија кои беа на работ на егзистенцијата, а беше дел и од хуманитарното кошаркарско дерби кое деновиве се случи во Скопје меѓу МЗТ Скопје Аеродром и КК Работнички преку кое се собираа средства за лекување на екс-кошаркарот Стеван Гешовски.

Принцезите од Монако се симнаа од дворецот и се прошетаа во секси комбинации >>

Со овие негови хумани „подвизи“ ги заслужи сите пофални зборови, но за тоа во некоја друга прилика. Денес сакаме да позборуваме за фотографијата што тој деновиве ја објави на социјалните мрежи, а на која позира со Фросина Ременски и Зорица Заева. Интересно е тоа што сите тројца на настанот се појавија во речиси идентични црни комбинации. Тие дефинитивно не негуваат сличен стил, но овој пат изгледаат како да се договориле што да облечат. Зорица носеше фустан со интересен детаљ на ракавите, а целата комбинација ја зачини со високи црни чизми, додека Боки и Фросина носеа класични црни панталони и црна блуза.

Кејт Мос во фантасично all black издание на улиците во Париз >>

Инаку, оваа есен многу познати девојки се прошетаа во фантастични „all black“ изданија (од Викторија Бекам, до Кејт Мос, Џиџи Хадид и принцезата од Монако, Шарлот Касараги), па ако сакате да бидете во чекор со трендовите време е да и вие да заиграте на оваа карта. Впрочем тоа можеме да го видиме и од Фросина и Зорица, кои дефинитивно одлично се снаоѓаат кога станува збор за црни комбинации од глава до пети.

Што мислите вие?

barate

 


МОЖЕБИ ЌЕ САKАТЕ ДА ГО ВИДИТЕ И ОВА

 

ПОПУЛАРНО


Booking.com

 

ШТО МИСЛИТЕ ЗА ОВА?