Православните верници денеска го одбележуваат празникот Покров на Пресвета Богородица како спомен на случката кога Богородица се јави меѓу народот собран за молитва, за време на богослужба.

Настанот што го слави Црквата денес се случил на 1 октомври 911 година, на едно бдение во Богородичната црква во Цариград. Црквата била полна со народ. Меѓу народот бил и свети Андреј Јуродивиот со својот ученик Епифаниј. Во четири часот ноќта над народот се појавила Пресвета Богородица со распослан омофор со кој го покривала целиот народ. Била облечена во порфира и блескала со неискажлив сјај, опколена од апостолите и светителите.

Гледајќи го јавувањето, свети Андреј му рекол на Епифаниј: „Ја гледаш ли, брате, царицата и господарката над се, како се моли за целиот свет?” Во чест на тоа јавување и се востанови овој празник. Но, овој празник е само потврда или симбол на славењето на Пресвета Богородица, како заштитничка на целиот православен народ, бидејќи нејзиното заштитништво се покажало многупати и пред овој настан. Тој е потврда, пред се, за нејзиното молитвено застапништво за нас луѓето пред престолот на Троичниот Бог.

Поради тоа таа на православните икони се појавува со покров во рацете опкружена со светителите во бели фустани. Нејзината облека е симбол на покровителството и заштита од глад, болести и помор. Празникот е познат и под името Покров, Богородични покров и се смета за женски празник. Во некои делови од православниот свет постои обичај жените на овој ден да и се посветат на Богородица, а секоја девојка треба да се помоли на оваа светителка за еден ден да забремени, полесно да се породи и во здравје и среќа да ги одгледува своите деца.

Оние кои немаат деца се молат на овој ден за да добијат.

ШТО ВЕЛИ ЦРКВАТА ЗА ПРАЗНУВАЊЕТО НА ОВОЈ ПРАЗНИК

 

Според учењето на светата црква, Пресвета Богородица е премногу милосрдна и својата љубов кон Синот и својот Бог ја пројавува преку љубовта кон целиот човечки род. Таа стои пред милостивиот Христос и им помага на сите оние што ја бараат нејзината помош. Чувствувајќи ги тешкотиите на земниот живот, Божјата Мајка, најголемата застапничка (покровителка) на човечкиот род, ја гледа секоја солза и го слуша секое офкање на оние што страдаат, па неуморно се моли на Својот Син Господ Исус Христос, да се смилува над сите што ја признаваат својата немоќ и молат за помош од Бога. Нејзе посебно ѝ се блиски оние што се трудат и вложуваат надчовечки усилби во борбата со страстите и усрдно се стремат за богоугоден живот. На сите Богородични празници посебно забележително е присуството на жените на светите богослужби но секако потребно е сите активно да земеме учество во молитвеното обраќање кон Пресветата Владичица.

Отец Дејан Трајков

barate

loading...


МОЖЕБИ ЌЕ САKАТЕ ДА ГО ВИДИТЕ И ОВА

 

ПОПУЛАРНО


Booking.com

 

ШТО МИСЛИТЕ ЗА ОВА?