ban2

Бугарите ги обвинија Некс Тајм дека го присвојува бугарскиот фолклор

Некои медиуми во соседна Бугарија пишуваат дека македонскиот бенд Некст Тајм направил плагијат на песната „Слушам кај шумат шумите“ и сето тоа преставува стара практика која одново создава конфликти меѓу двете земји. Според бугарски новинари македонските музичари направиле нов современ аранжман на песната која што во Скопје се прикажува како македонска, а всушност е бугарска. Имено, во Бугарија оваа песна во оригиналната верзија се вика „Кога зашумят шумите”, и истата е војводата Костадин, кој се борел за слободна Македонија, но како што велат тие, како бугарски комита (што и да значи тоа, по ѓаволите!). Како и да е, ние нема да влегуваме во дилема кој прв ја обработил оваа стара песна за која не ви треба многу за да сфатите дека станува збор за типично македонска народна песна.

А еве го и текстот на целата песна:

Слушам кај шумат шумите,буките 2х
Слушам кај шумат буките 2х
плачат за војводата,капиданот.
Другари верни другари Македонци
кога низ село врвите,врвите
кога низ село врвите -----
со коњи да не тропате,не тропате. 2х
Со коњи да не тропате,тропате 2х
со коњи да не тропате -----
со пушки да не фрлате,не фрлате. 2х
Да не ве чуе мајка ми старата 2х
да не ве чуе мајка ми ----
ќе ве праша за мене аман за мене. 2х
Каде е син ми Костадин,Костадин 2х
каде е син ми Костадин ----
Костадин војводата капиданот. 2х
Син ти се мајко ожени,ожени 2х
син ти се мајко ожени -----
за една Македонка робинка. 2х

 

barate

 

loading...


МОЖЕБИ ЌЕ САKАТЕ ДА ГО ВИДИТЕ И ОВА

 

ПОПУЛАРНО


Booking.com

 

ШТО МИСЛИТЕ ЗА ОВА?