Цеца Ражнатпвиќ отворено за нејзините здравствени проблеми

Цеца откри дека пред две години имала здравствен проблем кој влијаел на нејзиниот физички изглед. Познатата фолк дива која е позната и по нејзиниот беспрекорен изглед тогаш се поправила повеќе од 10 килограми, па на никој не му беше јасно за што станува збор. Таа дури сега реши да открие и да отворено да зборува на таа тема.

„Имам некој женски хормонски дисбаланс, но не е страшно. Тоа е таа женска фаза во тие години. Тоа се случуваше минатата година, поточно во текот на 2015 и 2016. Телото ми сигнализираше дека нешто со мене не е во ред. Кога ги забележав симптомите, веднаш побарав совет од доктор. Регулирав се и повеќе не отекував. Тоа отекување ми беше најголем проблем“, објаснува Цеца во едно од нејзините последни интервјуа и додава: „Ги советувам сите штом ќе забележат нешто со своето здравје или некоја промена на своето тело веднаш да одат кај доктор. Како секој цивилизиран човек консултирај се со специјализирано лице и ќе ја средиш својата здравствена состојба. Тоа е сé. Навистина не би сакала да зборувам повеќе на таа тема, сепак тоа е моја интима и не сакам баш сé да излегува во јавноста“.

Прочитајте кои се најважните симптоми за хормонален дисбалан, но и како да ја вратите рамнотежата на хормоните >>

barate

loading...


МОЖЕБИ ЌЕ САKАТЕ ДА ГО ВИДИТЕ И ОВА

 

ПОПУЛАРНО


Booking.com

 

ШТО МИСЛИТЕ ЗА ОВА?