ban2

Дали се сеќавате на Ања што го пееше хитот „Јас те сакам тебе“?

Пејачката Ања Ветерова која јавноста ја запозна со песната „Јас те сакам тебе“ со групата Паркети има нова песна. Станува збор за певлива летна песна „Рамбамбам за кој снимаше и одличен спот во кој малечката Ања сега се појавува во мошне атрактивно издание. Спотот досега има преку 200 илјади прегледи што воопшто не е мала бројка за нас.

Инаку, младата пејачка Ања Ветерова, веќе подолго време живее на релацијата Скопје-Белград, а причината за тоа е нејзината соработка со една од најголемите музички продукции во Југоситочна Европа - „ИДЏ волд“ (IDJ world). Песната и спотот за песната Рамбамбам се снимени токму за оваа музичка куќа, а музиката и аранжманот ги направи Дарко Димтиров, додека текстот е на Линдон Бериша, на македонски и на англиски јазик.

„ИДЏ ворлд“ во моментов се најголема видео продукција во Југоисточна Европа, со најголема гледаност, со над 1.300.000 претплатници на Јутјуб. На оваа телевизија се пуштаат сите актуелни српски, хрватски и босански музички ѕвезди. Газда е Андреј Илиќ, син на познатиот музичар и композитор Сања Илиќ, а мајка му беше популарната екс југословенска актерка Злата Петковиќ. Ветерова во оваа нејзина најнова видео приказна настапува заедно со танцовата група „Беатрикс“ од Скопје, а кореографијата ја направи Ивана Балабанова.

А еве и како Ања изгледаше порано!

 

barate

 

loading...


МОЖЕБИ ЌЕ САKАТЕ ДА ГО ВИДИТЕ И ОВА

 

ПОПУЛАРНО


Booking.com

 

ШТО МИСЛИТЕ ЗА ОВА?