matte

Се уште не стивнуваат реакциите по првото запросување на Евровизија која нашата претставничка Јана Бурческа му кажа ДА на нејзиното момче.

Откако Јана пред самиот настап на Евровизија објави дека е бремена, медиумите веднаш соопштија дека Јана веќе две години е во врска со Александар Филиповски гитаристот од нејзиниот бенд „Оф битз“. Но порталот Република не потсети дека за Јана пред само година дена се шушкаше дека е во врска со поранешниот играч на МЗТ, Урош Васиљевиќ. Токму на неговиот профил на Фејсбук се уште може да се најде фотографијата на која Јана е во венчаница, на минатогодишниот саем за венчаници во Скопје, а се уште под самата фотографија стои и коментарот кој тогаш го сподели Урош, „Толку беше“!

Како и да е, Александар, новото момче на Јана на сите ни приреди вистинско изненадување кога ја запроси пред камерите и милионската публика. Еве го видеото на кое се гледа кога таа го кажа своето судбоносно ДА, а фотографијата со невестинскиот фустан е тука за сите оние кои се нестрпливи да ја видат пејачката во бело.

barate


МОЖЕБИ ЌЕ САKАТЕ ДА ГО ВИДИТЕ И ОВА

 

ПОПУЛАРНО


Booking.com