matte

На 9 мај, по седум месечна кома причинета од сообраќајката почина македонскиот музички виртуоз Зоран Маџиров (49).

Волшебникот на шишиња од Струмица кој зад себе има 25 годишна кариера во која има соработувано со светски ѕвезди како што се Стинг, Тина Тарнер, Мајкл Џексон, Скорпионс и бројни други почина по седуммесечната борба со повредите. Тој во октомври минатата година, на патот Штип-Радовиш, кај местото Пилав тепе, во сообраќајна несреќа се здоби со тешки телесни повреди поради кои беше во кома се до неговата смрт. Неговата неочекувана смрт погоди многумина кои во неверување се простија од големиот уметник. На социјалните мрежи со трогателен статус за загубата на својот татко се огласи и неговата ќерка Нина Миџиров која во неколку емотивни реченици ја искажа болката поради загубата на својот херој и идол. „Ти благодарам што беше мој татко, мој херој, мојот Моцарт, мојот идол. Ти благодарам што ме направи личноста која сум денес. Ти благодарам што ме научи како да го гледам светот. Ти благодарам за поддршката и тоа што веруваше во мене. Ти благодарам што ми покажа како да бидам вистински уметник. Засекогаш ќе бидеш во нашите срца. Можеби ќе го промениш светот во твојот следен живот“, напиша Нина.

Инаку, Зоран Маџиров во бракот со сопругата Ели ги има двете деца, ќерката Нина и синот Љубен.

 

barate

loading...


МОЖЕБИ ЌЕ САKАТЕ ДА ГО ВИДИТЕ И ОВА

 

ПОПУЛАРНО