matte

Кој е виновен што Македонија повторно не влезе во финалето?

Шефицата на македонската евровизиска делегација, Мери Попова, се најде во непријатна ситуација откако непромислено одговори на неколку новинарски прашања. Имено откако Јана Бурческа нашата претставничка н Евровизија не успеа да се пласира во финалето, и покрај одличната песна, не стивнуваат реакциите по социјалните режи. Но овој пат за разлика од претходните години, критиката најмногу е упатена до организацијата, односно до македонската евровизиска делегација. Еве што одговори на тоа нивната шефица Мери која инаку е уредничка на забавната редакција на МРТВ.

Инаку, сето ова следуваше откако Ина Многуфина јавно преку социјалните мрежи го посочи ПР тимот како главен виновник за неуспехот на Јана. Еве што напиша таа на Фејсбук:

„Во ред МРТВ, немате прес, вашиот ПР тим со друго се занимава...сакам да објасните на јавноста која ве плаќа, како дечко и на Јана влезе во зелената соба, дали е дел од делегацијата? Кој се е дел од делегацијата и кои беа акредитирани новинари оваа година?

Па, што мислите, каде е проблемот што Македонија не може да се пласира во финалето?

 

 

barate


МОЖЕБИ ЌЕ САKАТЕ ДА ГО ВИДИТЕ И ОВА

 

ПОПУЛАРНО


Booking.com