Овој преубав фустан во нежна розова боја е направен од BIONIC рециклиран полиестер направен од обработен пластичен отпад.

Станува збор за фустан од новата H&M Conscious Exclusive колекција.

Јелена Розга изгледа фантастично во овој фустан во нежна розова боја е направен од BIONIC рециклиран полиестер направен од обработен пластичен отпад. Ист модел неодамна носеше и познатата актерка Руни Мара на овогодинешната Vanity Fair забава која традиционално се одржува по доделувањето на Оскарите.

Ова е доказ дека фустаните од познатите комерцијални брендови полека но сигурно ги освојуваат и црвените килими на гламурозните холивудски настани.

И актерката Росарио Даусон неодамна на премиерата на новата серија „Iron Fist" носеше фустан од колекцијата H&M Conscious Exclusive.

Покрај преубавиот фустан со карнери, Јелена и на снимањето на нејзиниот последен спот носи парчиња од новата колекција на H&M.

Нo покрај парчињата од популарниот шведски бренд Јелена во спотот носи и модели од познатите хрватски дизајнери што исто така е за пофалба.

Па, дали ви се допаѓа Јелена во ова издание?

barate


МОЖЕБИ ЌЕ САKАТЕ ДА ГО ВИДИТЕ И ОВА

 

ПОПУЛАРНО


Booking.com

 

ШТО МИСЛИТЕ ЗА ОВА?