Интересна порака сподели Сара Мејс на Фејсбук

Kniaza Photography

Нашата позната поп пејачка Сара Мејс деновиве на Фејсбук си ја отвори душата и отворено напиша дека парите се секогаш актуелна тема на која не и минува времето, алудирајќи на недостатокот на истите на сите оние кои не се продаваат лесно и кои одвај успеваат да сврзат крај со крај занимавајќи се со она што го сакаат. Во овој случај тоа е пеењето, а од нејзиниот пост јасно е дека во Македонија не може нормално да се живее од оваа професија, но тоа очигледно не и претставува проблем и таа продолжува да го прави она што најдобро го знае и умее. Имено, таа под нејзината песна „Немам пари“ го напиша следниов коментар:

„Песнава е стара веќе две и кусур години, ама нема проблем - звучи чисто нова. Тема актуелна од две илјади и некоја година па до ден денес немрдната од место....за жал. НО, надежта вирее во мене. Ќе има подобри времиња, знам... Може многу јадам компот, и тоа знам, ама ако....таква сум јас. Подобро лоша и вистинска, отколку лажна принцеза Добрица.“

„АЈ убав ден да имате сега“ напиша Сара на Фејсбук

 

barate

loading...


МОЖЕБИ ЌЕ САKАТЕ ДА ГО ВИДИТЕ И ОВА

 

ПОПУЛАРНО


Booking.com

 

ШТО МИСЛИТЕ ЗА ОВА?