Дани и нејзиниот тим на чело со Весна Малинова направија музика создадена со душа, позитивина енергија и музика со многу љубов.

dani

Производот е најновиот албум со наслов „Град за љубов“, а на него се најдоа осум композиции, од кои веќе неколку познати на публиката и неколку нови.

Носечка нумера на албумот не постои, бидејќи сите песни се содржители на суштината на животот, градот, односот кон себе и се друго. А што ќе каже Дани за новиот албум?

- „Град за љубов инспирира на враќање на другарскиот дух во градот. За суштински вредности зборуваме, оние подзаборавените. Вчеравечер во „МКЦ“ видов дека музиката се уште се сака, видов дека македонската музичка култура се издигнува со поддшка и љубов. Истото што го пеам и зборам за луѓето и животот и градот. И тоа е суштината и таа ми е на албум“, изјави Дани Димитровска.


Инаку на овој преубав музички настан, Дани го промовираше и најновото видео за „Лево-десно“, нумера која се наоѓа на овој нов албум.

barate

loading...


МОЖЕБИ ЌЕ САKАТЕ ДА ГО ВИДИТЕ И ОВА

 

ПОПУЛАРНО


Booking.com

 

ШТО МИСЛИТЕ ЗА ОВА?