Девојката на Кристијано Роналдо, Џорџина Родригез која има само 22 години на фудбалерот му роди ќерка.

ronaldo

Двојката одлучила на бебето да му го даде името Алана Мартина. Инаку на Роналдо ова му е четврто дете.

Тој веднаш се пофалил на Инстаграм со фотографија од болницата, на која е со штотуку породената Џорџина, бебето и со синот Кристијано Јуниор.

„Алана Мартина е штотуку родена! И мајката и бебето се одлично. Сите сме среќни“, напиша познатиот фудбалер покрај фотографијата. Честитки почнале веднаш да пристигнуваат од сите страни.

ronaldo1
Светските медиуми го нарекоа новороденчето „дете на љубовта“, бидејќи претходно Роналдо трите деца ги доби од сурогат-мајки. Кристијано Јуниор има седум години, а близнаците Ева и Матео се родија летоска.

barate

loading...


МОЖЕБИ ЌЕ САKАТЕ ДА ГО ВИДИТЕ И ОВА

 

ПОПУЛАРНО


Booking.com

 

ШТО МИСЛИТЕ ЗА ОВА?