Ким Кардашијан ќе ви помогне како да се облечете како вашата омилена ѕвезда

Благодарение на Ким Кардашијан купувањето преку интернет наскоро може да ви стане уште полесно. Имено познатата старлета соработуваше како советничка за развој на апликација која ќе ги воодушеви љубителките на модата. Апликацијата се вика „ScreenShop“ и ќе може да ви помогне полесно да најдете продавницата во која се наоѓа облеката како онаа што сте ја виделе на некоја фотографија на интернет и која што ви се допаѓа. Треба само да направите принтскрин од комбинацијата што ви се допаѓа и апликацијата веднаш ќе ве однесе до интернет продавници во кои можете да најдете исти или слични парчиња. Коосновач на апликацијата е Моли Хурвиц која барајќи ги преку Гугл сите оние работи коишто ги носат познатите ИТ девојки на Инстаграм дошла до оваа идеја која потоа ја спровела во дело. „Фасцинирана сум од технолошкиот напредок благодарение на кој е доволно да направите само принтскрин од комбинацијата што ви се допаѓа и за само неколку секунди да дојдете до онлајн продавница во која можете да најдете исти такви или слични производи“, вели Ким за „ScreenShop“.

Иако веќе постои апликација која е слична на оваа (LikeToKnowIt) која има мрежа од 12 илјади инфлуенсери и фотографи кои ги снимаат своите модни комбинации и ги објавуваат во апликацијата, ги тагираат производите и ги линкуваат со продавниците во кои истите можат да се купат, новата апликација го има она што „LikeToKnowIt“ го нема. Имено, новата апликација која што настана во соработка со Ким ве носи во шопинг преку секоја фотографија, а не само преку оние кои се веќе објавени од инфлуенсерите. Апликацијата ќе соработува и со многу познати онлајн продавници како што се ASOS, TopShop, Net-a-porter, Kanye West’s Yeezy…, а во својата база на податоци веќе има преку 10 милини артикли.

 

barate

loading...


МОЖЕБИ ЌЕ САKАТЕ ДА ГО ВИДИТЕ И ОВА

 

ПОПУЛАРНО


Booking.com

 

ШТО МИСЛИТЕ ЗА ОВА?