Македонскиот радиски фестивал, МАРС, оваа година ќе го прослави својот 10 годишен јубилеј. Традиционално, и оваа година ќе бидат избрани најпопуларните радиски хитови на годината, селектирани и испратени до организаторите од над 30 радиостаници во Македонија.

nagrada

Листите со повеќе од 100 изведувачи и околу 500 песни биле испратени од македонските радиостаници, а најслушаните се ставени на финалната листа според оценката на жирито, составено од претставници на национални и локални радија од различни региони од Македонија.

Изведувачот кој ќе биде прогласен за апсолутен радиски хит за 2017 година ќе добие награда од 60.000 денари, а за авторот на една од финалните песни чиј текст ќе биде прогласен како најдобар од новинари од разни медиуми во Македонија ќе добие награда од 10.000 денари.

А како и претходните изданија на овој престижен македонски фестивал, така и оваа ќе има екслузивни гости, а тоа е бендот „Меморија“, кој ја добива наградата Трајни вредности, а  неколку дена потоа, на 18 ноември, ќе одржи и голем солистички концерт во скопската Метрополис арена.

10-то издание на МАРС 2017 ќе се одржи во вторник, 14.11.2017, со почеток во 20.30 часот во Македонска опера и балет.

barate

loading...


МОЖЕБИ ЌЕ САKАТЕ ДА ГО ВИДИТЕ И ОВА

 

ПОПУЛАРНО


Booking.com

 

ШТО МИСЛИТЕ ЗА ОВА?