Македонската група „Меморија“ ќе биде последната која ќе има концерт во „Метрополис арена“ на Скопски саем, кој ќе се урива за околу шест месеци од сега.

memorija

Големиот музички настан е закажан за 18-ти Ноември со почеток во 20 часот.

 

-        Како што ветивме, The Greatest Hits е ЦД-то што денеска го претставуваме пред јавноста. Првото беше компилација на балади, а ова е сега со уште еден дел од песните што ја одбележаа нашата кариера, и се делумно со побрз ритам. Исто така, по концертот ќе следи и нова песна од „Меморија“, која ќе ја промовираме во февруари следната година. А на истиот датум, 18-ти ноември, догодина ќе биде презентиран и комплетно нов албум од групата“, најави Петар Георгиевски – Камиказа.

Што се однесува до големото музичко случување, последните подготовки се во тек. На концертот, „Меморија“ ќе настапи во полн состав и тоа: Ристо Самарџиев, Бане Поповиќ, Петар Георгиевски-Камиказа, Поце Икономов, Валентино Скендеровски, Димитар Божиков-Мичо и Сашо Ангелов.

Гости на концертот се Гранит Таќи со неговата ќерка Леа Таќи, Пере од „Нокаут“, Мики Јовановски-Џафер и „Зијан“.

Според податоците со кои располагаат, во продажба се останати уште 1.500 влезници, а преку Фејсбук страната добиваат информации дека има голем број луѓе од внатрешноста што ќе присуствуваат на концертот

barate

loading...


МОЖЕБИ ЌЕ САKАТЕ ДА ГО ВИДИТЕ И ОВА

 

ПОПУЛАРНО


Booking.com

 

ШТО МИСЛИТЕ ЗА ОВА?