mama mia

Македонскиот народен театар на 24 декември ќе ја изведе премиерата на мјузиклот „Мама миа!“ во режија на Наташа Поплавска, која пред точно две години на сцената на МНТ го постави и бродвејскиот мјузикл „Чикаго“.

„Мама миа!“ е весела приказна за тинејџерка која е во потрага по својот вистински татко на еден грчки остров, раскажана преку хитовите на АББА и по текст на Кетрин Џонсон. Се реализира во копродукција помеѓу Македонскиот народен театар и словенечката компанија за театарска и музичка продукција „Проспот“ која ги има ексклузивните права за мјузиклот „Мама миа!“ во Словенија, Србија, Хрватска, Црна Гора, Босна и Херцеговина и во Македонија.


Поплавска и овојпат соработува со кореографката Олга Панго и со диригентката Бисера Чадловска. Ќе трае 180 минути и по премиерата на 24 декември ќе има уште три претстави до новата година (26-ти, 27-ми и 29 декември).


 Во „Мама миа!“ ќе видите една нова комбинација на актери од средната и помладата генерација на Македонскиот народен театар. На сцена ќе ги има веќе докажаните актерки на театарот: Арна Шијак или Велма во „Чикаго“, Тања Кочовска или Мама Мортон во „Чикаго“, Биљана Драгичевиќ-Пројковска или Мери Саншајн во „Чикаго“. Носечката улога во помладата генерација на ролји ја толкува младата талентирана актерка Нина Деан. За „Мама миа!“ ќе има и алтернации за главните ролји, а тоа се актерите Звездана Ангеловска, Висар Вишка и Јана Стојановска (како гостин од Драмски театар) кои ќе се појават во главните ролји, па така публиката ќе може да ја види „Мама миа!“ со две различни актерски креации.

barate

 


МОЖЕБИ ЌЕ САKАТЕ ДА ГО ВИДИТЕ И ОВА

 

ПОПУЛАРНО


Booking.com

 

ШТО МИСЛИТЕ ЗА ОВА?