Животната драма на македонскиот фризер и стилист Љупчо Петрушевски - Бубе минатата година ја потресе македонската јавност, а сега е време да ја покажеме хуманоста на делo.

anastasija 1

Неговите почитувани колеги од фризерската елита решија да направат хуманитарен настан за Бубе.

Под мотото „Мајсторите за мајсторот“ в недела (18.6.2017) со почеток во 19 часот во Музејот на современа уметност на Скопското кале ќе се одржи фризерско шоу на кое ќе бидат собрани средства за потребната операција на Бубе.

На шоуто, најдобри стилисти од земјава, но и од Балканот ќе ги презентираат последните новитети на своите брендови.

Bube1

А најголемата ѕвезда што требаше да дојде и да го даде својот хуман печат е младата Анастасија Ражнатовиќ. Тинејџерката требаше да биде еден од моделите на настанот чија цел е да се соберат повеќе средства за лекувањето на Бубе, но организаторот на настанот во последен момент соопшто дека Анастасија го откажува своето гостување. Според организаторот на хуманитарната манифестација, а како што пренесе Libertas.mk, Анастасија го откажува гостувањето бидејќи Српските безбедносни служби процениле дека не е безбедно во Македонија и дека е ризично да патува за Скопје.

Како и да е, настанот се одржува вечерва во 19.00 часот. Влезот ќе чини 500 денари, а собраните средства ќе бидат донирани за фризерот. Билети можете да ги набавите пред почетокот на шоуто во Музејот на современа уметност на Скопското кале.

Па, време е да бидеме хумани и сите заеднички да му помогнеме на мајсторот!

barate

 

loading...


МОЖЕБИ ЌЕ САKАТЕ ДА ГО ВИДИТЕ И ОВА

 

ПОПУЛАРНО


Booking.com

 

ШТО МИСЛИТЕ ЗА ОВА?