Првата дама на Америка често можеме да ја видиме во креации од славната дизајнерска двојка Dolce & Gabbana кои ги носеше и пред тоа.

На сите ни е позната љубовта меѓу Меланија и Dolce & Gabbana

Првата дама на Америка често можеме да ја видиме во нивни модели, а не можеме така лесно да ја заборавиме цветната јакна што ја носеше при посетата во Сицилија. Но на почетокот, кога нејзиниот сопруг стана претседател на Америка, нејзе воопшто не и беше лесно бидејќи многу познати дизајнери и го свртеа грбот и јавно почнаа да ја бојкотираат..

Но, 47 годишната Словенка делуваше како воопшто да не и е грижа за таквиот бојкот, а D&G (и уште неколку други познати брендови) чии креации носеше и претходно, никогаш не беа меѓу дизајнерите што ја бојкотираат.

Тие дури во една прилика и јавно и се заблагодарија што ја носи нивната облека, а сега таквата благодарност ја искажаа и преку една маица која се однесува на сите нејзини хејтери.

Имено, станува збор за обична бела маица на која пишува „#Boycott" а потоа и Dolce & Gabbana и едно големо црвено срце. Но, и покрај едноставниот изглед оној што ја сака маицата ќе мора да издвои сума од 250 долари.

barate

loading...


МОЖЕБИ ЌЕ САKАТЕ ДА ГО ВИДИТЕ И ОВА

 

ПОПУЛАРНО


Booking.com

 

ШТО МИСЛИТЕ ЗА ОВА?