FaceBook  Twitter  

Просто е како гравче...

Оние кои беа згрижени овие 10 години, го поддржуваат Скопје 2014 и за нив протестите меѓу другото значат и сквернавење на културното наследство на кое се горди колку и да звучи тоа забегано и нелогично, гледано без емоции. Од друга страна пак, оние незадоволните, заедно со оние прогресивните, преку глава им е од полтронизмот, непотизмот, арамилакот и што ли уште не на овие другиве, и сакаат да и стават крај на таквата агонија. За нив спомениците не се ништо друго, туку само симбол на една луда тиранија на која што поскоро треба да и се застане на патот. И сакаат демократија. А не партија-држава! Прашањето е кој ќе биде виновен ако започне граѓанска војна или ако се пролее невина човечка крв? Соросоидите или грујевистите? Предавниците или книшкарите? Невработените или административците? Педерите или курвите? Лезбејките или оние бабите со црвен кармин на усните што ги бранат спомениците на Сител ТВ само затоа што нивните деца и внуци се вработија во Македонски шуми? Кој? Според мене, виновни сме сите, а ако сакате да останете невини како пред себе, така и пред вашиот Бог, од која и да е религија, останете си дома, со трезна глава, и не протестирајте. Ниту за едните, ниту за другите. Работата е матна... Не, туку молете се вашиот Бог да ве спаси од ѓаволот кој ни ора ни копа, туку си седи на страна, во сенка на истите тие споменици, си фаќа сеир и си гледа како неговите тиквички на сите страни си никнат како печурки по дожд.

Ех, да беа барем оние кои го менуваат нашиот поглед на светот...

Необјавен Фејсбук статус на Робин Худ Џуниор од Кривогаштани

 

 

barate

    Кликни тука и внесете го Вашиот субјект бесплатно >>

loading...
Loading...


МОЖЕБИ ЌЕ САKАТЕ ДА ГО ВИДИТЕ И ОВА

Види Повеќе

Есенски Трендови 2016

 

ПОПУЛАРНО

 

STIPKA 3TV PRESENTS


Почнете да не следите и на Инстаграм и освојте вредни подароци http://instagram.com/stipkamagazine >>

 

ШТО МИСЛИТЕ ЗА ОВА?

 

НАЈНОВО ...

ШИK ПРИКАЗНИ ...

WHERE CITY GUIDE

Матка е прекрасен локалитет, споменик на природата и културата. Се наоѓа недалекѕ од Скопје. ...
Преубав ресторан во близнина на Манастирот Св. Наум Охридски
Се наоѓаме во резиденцијалниот дел на Скопје
Хотелот е лоциран во прекрасен шумски амбиент со извонредно уредено опкружување, позиција и поглед кон Охридското Езеро. ...
Милениум Палас е хотел со четири ѕвезди кој се наоѓа во југозападниот дел од Македонија, на брегот од Охридското Езеро. ...