Aктерката која во моментов ја игра главната улога во претставата „Умри машки“ специјално за нашиот портал ги откри нејзините три омилени филмови.

Секогаш гласаме за силните жени, кои што имаат што да кажат но и да покажат. Тоа е така на филмското платно, но и на штиците што живот значат, особено кога на нив главни ликови се силни, одлучни и своеглави жени кои сигурно ќе ве инспирираат и мотивираат да ја покажете вашата посилна страна. Овој пат поразговаравме актерката Душица Тренева која во моментов ја игра главната улога во претставата „Умри машки“ на Коле Ангеловски и побаравме специјално за нашиот портал да ни ги открие нејзините омилени филмови.

„За мене Девет и пол недели овој филм е буквар за еротика преку чиста љубов.“

Еве го нејзиниот избор:

Тешко е кога особено на нас актерите ќе ни речат да избереме три омилени филмови. Во ова кратко време за одговор, бидејќи вечерва ме очекува премиера на новата претстава „Умри машки“, ќе ви ги кажам првите три што ми паѓаат на памет, а инаку би можеле цела вечер да зборуваме за филмовите што ги сакам. Еден од нив е „Прекрасен ум“- за што друго ако не за Расел Кроу, потоа „Мирисот на жената“, и култната реплика „No mistakes in the tango, darling, not like life“. Излишни се сите зборови за генијалниот актер Ал Пачино. Знам дека ова се клише филмови, ама некако се врежани во нас, секој на свој начин. И ќе го одвојам „Девет и пол недели“, бев инспирирана да го погледнам повторно овој стар филм, многу поради сите нијанси на сиво кои земаа голем замав –и тоа за џабе! Но исто така и поради претставата. За мене овој филм е буквар за еротика преку чиста љубов.

1. A Beautiful Mind

2. The Tango

3. Mickey Rourke and Kim Basinger - 9 and a half weeks

barate

 


МОЖЕБИ ЌЕ САKАТЕ ДА ГО ВИДИТЕ И ОВА

 

ПОПУЛАРНО


Booking.com

 

ШТО МИСЛИТЕ ЗА ОВА?