Младата и талентирана Ања Ветерова која неодамна наполни 18 години ја запознавме како претставничка на детската евровизија во 2010 година, но сега веќе е полнолетна дама.

Ања на овогодинешното издание на фестивалот МАРС се закити со награда за песната „Рамбамбам“, а тоа е нејзин прв проект со една од најголемите музички продукции во Југоисточна Европа, „Ај Ди Џи Ворлд“. Додека го очекуваме нејзиниот најнов сингл што е во најава за почетокот на следната година позборувавме со Ања за нејзиното секојдневи бјути навики, но и за тоа како и поминува еден обичен ден.

Како и започнува денот на Ања?

Секој ден ми почнува со будењето на мајка ми и со спремање за на училиште каде што го поминувам поголемиот дел од денот, поточно до 15 часот . Попладне ги завршувам обврските околу училиштето, слушам музика, пеам, свирам на клавир, односно правам се што прави еден млад човек на мои години.

Три работи без кои не можаш да си го замислиш денот?

Хахахахах .. не можам без телефон, дружењето на социјалните мрежи, клавирот и секако - љубов, здравје и среќа.

Три работи кои секојдневно ги користиш?

Крема за лице „Hydra zen“ од Lancome“ како крема за хидратација на млада кожа која што ја користам наутро и навечер, потоа за база подлога за пудра ја користам подлогата на „Urban decay“ и течната пудра „Spectacular“ на „Helena Rubinstein“.

Разговараше: Ивана Крстеска

barate

 

loading...


МОЖЕБИ ЌЕ САKАТЕ ДА ГО ВИДИТЕ И ОВА

 

ПОПУЛАРНО


Booking.com

 

ШТО МИСЛИТЕ ЗА ОВА?