Охридското девојче со убав глас кое неодамна ја објави својата најнова песна што го носи насловот „Сама“, сепак не е сама. 

simona popovska

„Ги сакам и медицината и музиката. Без едно од нив би била како птица без едно крило.“

Симона Попоска во август годинава со интересна прослава во родниот крај ја одбележи свршувачката со нејзиното момче Кристијан Попоски, а свадбата е најавена за следната година.

Што пееше Симона кога беше малечка пред огледало?

Што не , но во секој случај повеќе обожавав кога им правев концерт на моите куклички со песни од Тоше неговите први албуми ми беа омилени и Мараја Кери која исто така е инзвондреден вокал.

Стажираш на медицинскиот факултет. Што повеќе сакаш медицината или музкиката?

Секогаш кога ќе ме прашаат ова прашање го давам истиот одговор , не можам да изберам двете професии ги сакам многу и пак да имам избор пак би го избрала истото. Без едно од нив би била како птица без едно крило. Затоа давам се од себе за максимално да се посветам на двете.

Од кој жанр кој и не толку својствен за тебе би испеала песна?

Интересно прашање.. па тоа би бил рокот. И првиот мој бенд со кој почнав на 16 години беше рок бенд и доста добро ни одеше.

simona1

„„Сама“ е балада во која секој може да се пронајде затоа што сите сме искусиле таков момент во животот барем еднаш.“

„ Сама“ е насловен твојот последен сингл, но знаеме дека Симона не е сама - како се снаоѓате во заедничкиот живот со вашиот партнер?

Знаете дека не сум тип на човек кој што ја открива многу приватноста за себе. Знаев дека и после песната ќе има коментари од тој тип но песната не се однесува на мојот приватен живот. Тоа е балада во која секој може да се пронајде затоа што сме искусиле таков момемт во животот барем еднаш.

simona3

Со која светска музичка ѕвезда сакате да бидете на иста сцена?

Па тоа би била Аријана Гранде! 

simona popovska

Што следно може да очекува публиката од вас?

Нова песна со видео запис и ќе ме видат во уште некои нови прокети.

Кој е твојот најголем животен страв?

Животен страв па не би рекла дека е животен, но ете брзото возење

Разговараше: Ивана Крстеска

barate

 

loading...


МОЖЕБИ ЌЕ САKАТЕ ДА ГО ВИДИТЕ И ОВА

 

ПОПУЛАРНО


Booking.com

 

ШТО МИСЛИТЕ ЗА ОВА?