Како најслатка цреша на шлагот, оваа сезона Модниот Викенд во Скопје беше затворен со претставување на најновата колекција на една од нашите омилени дизајнерки- Ирина Тошева.

Настанот на кој можевме да ја видиме (и веднаш да ја купиме) новата колекција на дизајнерката беше нешто сосема ново. Моделите не’ поздравија од зад екраните, а почетокот на самиот настан го означи самата Ирина заедно со Александра Спасеска, Леана Таќи и Јована Аврамовска со читање на поезијата на Петре М. Андреевски.

Публиката можеше да ја види колекцијата која беше поставена на кукли во салонот, а главното претставување беше направено преку видеото кое Ирина Тошева со нејзиниот тим го припреми посебно за настанот

По повод овој настан и новата колекција, позборувавме малку со Ирина Тошева

Нова сезона и секако имаме нова колекција од Ирина Тошева. Кажи ни малку за инспирацијата зад оваа колекција.

Циклусот песни за Дениција од Петре М. Андреевски се инспирација за новата колекција есен/зима ‘17/’18. Од љубовта кон жената до родољубието, цел спектар на емоции се преточени во креациите. Користејќи главно природни материјали како памук и свила низ моделите се проткајува естетска приказна што ги премостува модата и поезијата, а излегува надвор од временските рамки. Голем дел од парчињата се уникати.

Настанот на кој ја промовираше колекцијата не беше стандардна ревија, туку нешто сосема поинакво и свежо. Која ти беше идејата зад овој тип на настан?

По единаесет континуирани ревиски претставувања на Моден викенд, почувствував потреба да понудам едно сосема ново и незаборавно модно искуство. Мултимедијалниот настан беше прв од ваков тип во нашата земја, а најверојатно и на Балканот, прикажувајќи ја македонската мода рамо до рамо со најновите светски трендови и технологии.

„Користени се природни материјали како памук и свила ...“

Иновативните начини на промоција се’ повеќе се применуваат во светските модни центри, па треба полека да ги прифаќаме и ние. Ме радува што topsi.mk го препознаа тоа и веднаш ме поддржаа, а неизмерно сум благодарна и на целиот фантастичен тим кој работеше на овој проект.

За крај, каде најлесно може да ги најдеме парчињата од оваа колекција на една од нашите омилени дизајнерки?

Колекцијата е засега достапна во моето ателје. Оваа сабота ширум ги отвораме вратите за сите заинтересирани кои сакаат да ја погледнат одблизу, пробаат, купат со поволности и модно да се советуваат. Ве очекуваме од 12 до 19 часот. Ќе имаме и чај и колачиња :)

Повеќе информации за настанот побарајте тука >>

Фото и текст: Ерина Богоева

barate

 

loading...


МОЖЕБИ ЌЕ САKАТЕ ДА ГО ВИДИТЕ И ОВА

 

ПОПУЛАРНО


Booking.com

 

ШТО МИСЛИТЕ ЗА ОВА?