Атрактивна, амбициона, успешна, пејачката која пред неколку денови ја објави песната „Пекол“, а со засилено темпо работи и на својот прв албум. Запознајте ја од влиску Теодора Трајковска или повеќе позната за македонската јавност како Thea.

tea1

Важите за девојка чиј моден стил привлекува внимание, како индивидуалниот така и сценскиот. Кој се грижи за вашиот изглед?

Прво да ти се заблагодарам на убавите зборови :) Личниот стил ми е многу важен, го гледам како начин на израз, а индивидуалниот израз верувам дека за секој уметник е нешто свето. Имам прекрасни соработници кои секако ми помагаат за моите идеи да можат да бидат изреализирани на сцена, а приватно најчесто одам во крајности. Знам да си играм со најразлични и неспојливи парчиња или да поминам цела недела во тренерки.

tea1

 Секоја девојка има одреден моден фетиш, кој е вашиот?

Најверојатно обувки. Никогаш доста, а слабост ми се чизми и патики.

Дали музиката ќе биде твојот животен избор, или имате пасија и кон некоја друга професија?

Дефинитивно како дипломиран музичар не можам да се видам себеси во ништо друго, ама може ќе ме спука middle age crisis за 15 години па ќе запишам космонаутско на пример :P

Колку Теа се пронаоѓа во своите песни?

За да напишеш текст мора да ти се случи, а дури и кога не е наша приказната, нѐ инспирира нешто од нашата околина и опкружување. Во моите песни се пронаоѓам скроз, за сега сите се лични приказни, а можам да кажам дека тоа ќе важи и за новите композиции на мојот албум што го подготвуваме. Се чувствувам како да имам уште многу што да кажам :)

tea

Што е потребно да се успее на музичката сцена во Македонија?

Уф, не би знаела. Не постои сигурна формула за успех. Верувам дека за да се постигне било што е потребно мноооогу работа, а за ваква професија секако и талент. Останатото се среќни околности.

Во кој музички правец би се испробала?

Мислам дека секој артист сам себе се запознава и открива секојдневно и дека не можеме ни да предвидиме во кој стил и правец ќе се изреализираме најдобро еден ден. Сакам промени, сакам се што е модерен звук, експериментирам во секоја следна песна, така да тоа ќе биде изненадување и за мене самата

Прва љубов кон музиката, но дали Теа е заљубена?

Љубовта е најголема движечка сила во универзумов и се разбира моја најголема инспирација :) Да, сум, се разбира субјект на љубов не мора секогаш да биде човек :)

tea2

Кое е твоето животно мото?

Среќата ги прати храбрите

Која е вашата омилена метрополола каде што сакате да пеете? Со која светска музичка ѕвезда би сакале да имате дует?

Многу тешко прашање. Би пеела секаде на светов, достигнување би ми било каде и да прошета мојата музика :) Од актуелниве музички светски ѕвезди би го издвоила „Charlie Puth“ како комплетен артист со визија за својата музика.

tea4

Која е најважната лекција која животот те натерал да ја научиш?

Трпение, спасение :) (и добро би ми дошло, бидејќи со трпение согласно мојот темперамент сум секогаш во минус :) 

Разговараше: Ивана Крстеска

barate

loading...


МОЖЕБИ ЌЕ САKАТЕ ДА ГО ВИДИТЕ И ОВА

 

ПОПУЛАРНО


Booking.com

 

ШТО МИСЛИТЕ ЗА ОВА?