Во последно време се’ почесто може да ги видиме платнените tote ташни низ инстаграм или пинтерест, а дури и низ Скопје.

Дизајнот на tote ташните е толку минимален што остава многу место за персонализирање на парчето, а кај нас тоа најуспешно го прават Foreground - двајца млади креативци кои создаваат фантастични дизајни на овие торби, како и на мали платнени несесери и платнени патики. Позади брендот Foreground, всушност, се кријат тату артистот Дукса Младеновски воедно и уметник со една самостојна изложба Golden Seal 142 и Дејана Петрушевска која пак е дипломиран педагог чие хоби и е креативно да се изразува преку уметноста.

Иако најчесто работат по нарачки на нивните клиенти, нивните уметнички вештини се очигледно одразени во крајниот продукт. Денес, кратко поразговаравме со Дукса и Дејана, за тоа што би сакале да нацртаат на една tote ташна и како е да се гради бренд кај нас.

Како дојдовте до идејата за заедно да цртате на Tote-ташни?

Идејата за цртање на овој тип на ташна беше сосема случајно. Бевме искочени и јас носев испринтана Bowie tote ташна и сакавме нешто да напраиме поразлично и идејата одма ни текна. Само не знаевме како ќе биде идејата прифатена од остантите.

Од што најчесто црпите инспирација за дизајни?

Инспирација црпиме најчесто од музика и филмови и познатите уметници, и секако желбата на клиентот е најважна.

Како ви оди процесот- од идеја и нарачка до финален продукт?

Процесот е многу едноставен,луѓето кои се заинтересирани за да им нацртаме нешто ни праќаат фотографија или ни кажувааат што би сакале да им нацртаме, па потоа ние насликуваме на tote ташната, новчаничето или custom made патики.

А да, често поставуаното прашање, се перат рачно.

Кој дизајн едвај чекате да го нацртате на ташна?

Па би сакале да цртаме нео-традиционални дизајни !

Како е да се гради име и бренд кај нас според вашето искуство?

Мнооооогу тешко посебно затоа што ретко кој кај нас носи ваков тип на ташни, патики кои се рачно нацртани. Се надеваме дека понатака ќе се промени тоа!

Фото и текст: Ерина Богоева

barate


МОЖЕБИ ЌЕ САKАТЕ ДА ГО ВИДИТЕ И ОВА

 

ПОПУЛАРНО


Booking.com

 

ШТО МИСЛИТЕ ЗА ОВА?