Запознајте ја движечката сила зад Моментум Инк.

Лани за прв пат имавме шанса да го погледнеме настанот Fashion and Lifestyle Expo во Скопје и сите што го посетија беа исклучително задоволни од интересните настани и креативниот пристап кон претставување на Македонски проекти и продукти пред публиката. Затоа, кога разбравме дека и оваа година ќе се организира истиот настан по втор пат веднаш посакавме да дознаеме кои се лицата зад таа одлична идеја и организација.

Затоа позборувавме со Огнена Ристовска основач и сопственик на Моментум Инк. – агенција за организација на настани со мотото: Безвременски поттик за извонредност. Огнена е димпломиран економист со магистериум во менаџмент и навистина импресивно CV. Таа за време на своите студии е дел од студентската невладина организација АИЕСЕК, каде станува дел и од Извршниот одбор на Локалниот Комитет Скопје, како потпретседател за Надворешни односи. По завршувањето на студиите, своето искуство во проектен менаџмент и надворешни односи го надградува како дел од Конгресниот Комитет на Интернационалниот Конгрес во Кенија, каде престојува и работи два месеци.

Запознајте ја девојката која стои зад македонскиот бренд Simple >>

Освен како учесник на огромен број на обуки, конференции и семинари Огнена во улога на фасилитатор одржала повеќе од 15 тренинзи и работилници на домашни и странски конференции. Таа е млада професионалка која, по она што можеме да го видиме, си ја работи својата работа до најмал детаљ и е движечката сила зад Моментум Инк.

Со Огнена поразговаравме за овогодинешното Fashion and Lifestyle Expo, неговата организација и што можеме да очекуваме од неговата програма. Доколку сакате да ја видите програмата за настанот кликнете тука.

Од 29.03-31.03 ќе се одржи второто Fashion and Lifestyle Expo. Што може да очекуваме годинава?

Исклучително доживување каде што секој ќе пронајде нешто за себе си. Ова е второ издание на настанот и можам да кажам дека во најмала рака ќе биде двојно збогатено. Ако ланското издание понуди „еден поинаков викенд“ и главните коментари на посетителите беа дека се чувствуваат како да се на некој светски настан во странство, ова издание има силна намера да се надоврзе и да го засили тоа чувство, со уште посилна порака –#воншаблон.

Пет прашања и пет фотографии со Билјана Радиновска, режисерката на култната претстава „Да го поздравиш и да ми го бациш“ >>

Во дневната програма посетителите ќе може да следат и учествуваат во голем број активности (скоро 40!) на разни теми, а оваа година програмата ќе се одвива во шест различни катчиња и своевидни „сцени“ во фоајето на МОБ, а ќе биде фокусирана на три теми: дизајн, мода и патувања. Секако, ќе покриеме и голем број други области.

„Ако ланското издание понуди „еден поинаков викенд“ и главните коментари на посетителите беа дека се чувствуваат како да се на некој светски настан во странство, ова издание има силна намера да се надоврзе и да го засили тоа чувство, со уште посилна порака –#воншаблон.“

Од дизајн на мебел, рачно изработен накит, модно блогирање, модни аксесоари, кристали и камења, патувања, вински туризам, промоција на книга, кафе и слатки, креативни работилници за фотографија, моден дизајн, декупаж техника, па до природна и органска козметика во Beauty Bar... Во вечерната програма бевме повторно одлучни да приредиме тридневно несекојдневно задоволство и уживање низ впечатливо отворање на настанот на 29.03, несекојдневен body paint перформанс и ексцентрична модна ревија на 30.03 односно вториот ден од настанот, бесплатни дегустации на вино и жестоки пијалаци, како и музика во живо од бендови во одличен состав. Food Corner-от во текот на сите три дена ќе нуди бесплатна дегустација на морска храна од 17:15 часот. Во поддршка на талентираните фотографи, уметници, дизајнери и скулптори овој пат Fashion & Lifestyle Expo ќе ја отвори и галеријата во МОБ, која ќе биде пренаменета во изложбен простор отворен за сите посетители.

Пет минути со Ивана Лисак, мејкап артистка за Ланком: „Ако немате многу време најдобро е да поработите на изгледот на кожата“ >>

#воншаблон е за сите оние кои бараат уникатност, автентичност, детали, идентитет, авандардност, израз, идеологија. #воншаблон е за излегување од „коцката“, шаблонот, рутината.

Темата оваа година ви е „Вон Шаблон“. Што значи тоа за тебе?

Предизвикување на status-quo. #воншаблон стои за се’ она и сите оние кои секојдневно го предизвикуваат неутралното, вообичаеното, здодевното. Од самиот почеток овој проект има цел и намера да поттикне едно „поместување“ од место на секојдневието, па дури и самостојно да претставува еден невообичаен настан. Fashion & Lifestyle Expo е настан кој слави се’ што е Lifestyle – сите оние нешта кои се повеќе од обични производи или услуги, но претставуваат универзални вредности и приказни кои стануваат повеќе од обична „мода“ – брендови кои ги поткрепуваат длабоките вредности кои луѓето ги споделуваат, независно од возрастта и географските граници. Мора да признаеме дека денес, во современиот консумеризам, ни се нудат производи, услуги, брендови кои претпоставуваат одреден животен стил; претставуваат начин на себе-изразување и преку кои секојдневно го градиме нашиот идентитет базиран на сопствените избори, искуства, позадина и аспирации. #воншаблон е за сите оние кои бараат уникатност, автентичност, детали, идентитет, авандардност, израз, идеологија. #воншаблон е за излегување од „коцката“, шаблонот, рутината. Второто издание на F&L Expo ќе понуди нова енергија, стил, живот. Ги поканувам сите кои се пронаоѓаат во предизвикување на вообичаеното да ни се придружат од 29 – 31.03.2017 во МОБ.

Пет прашања и пет фотографии со Mилош Б. Андоновски: „Се заситивме од гледање турски серии на театарската сцена“ >>

Како се дојде до идејата за организирање ваков настан?

Идејата позади настанот веќе ја посочив и во претходниот одговор, а истата се појави веројатно како одговор на она што и нам лично ни недостасувало или би сакале да го има во градот, како случување, тема, настан. Не постои поголемо задоволство од тоа да работиш за нешто во што и лично веруваш и те засега. Во Моментум секогаш се стремиме кон уникатност па така постојано размислуваме на нови теми, концепти, пристапи кон нештата. Така би рекле дека и F&L Expo е нов концепт и пристап кон модата и животниот стил.

Колкав предизвик е да се организира ваков настан кај нас?

Па секако голем. J Постоиме во средина во која сме ограничени со понуда, во сите аспекти. Од производи и услуги кои се соодветни за појавување на ваков настан, до активности кои се соодветни за во програма, па дури и во вечерните настани за понуда на несекојдневни перформанси налик на светските настани. Ограничени сме во локации, логистичките можности... Но и покрај сите ограничувања, можам да потврдам дека луѓе кои секојдневно го живеат нашето мото #воншаблон има многу. Околината изобилува со индививуи кои одлучиле да направат храбра одлука и да се занимаваат со нешто што ќе биде #воншаблон, со одлучност и намера истото успешно да го постават и работат и кај нас. Без разлика дали се работи за исклучително ексклузивни производи, новитети кои кај нас се уште не се пробиени или концепти чие време допрва доаѓа, за секоја тема има публика, само треба доволно да се сака она што се работи за да му се даде потребната енергија и успешно да се одработи.

Дали има и други слични настани што ги организирате преку Momentum?

Сличен по тип но различен по тема – оваа година по трет пат, по две успешни изданија ќе го поставиме и Health, Fitness & Wellness Expo. Во склад со нашите залагања да работиме со теми кои се позитивни и ќе имаат позитивно влијание на нашата средина, ова е единствениот и најголемиот настан кај нас за здрав животен стил, а вклучува од здрава храна и исхрана, фитнес и спорт, суплементи, велнес – масажа, спа, сауна, козметика и третмани, физикална терапија, спортски и медицински помагала...

Настанот е навистина прекрасен и изобилува со одлични теми и интерактивни промоции па посетителите си одат целосно „освежени“ :)

Го приготвуваме и второто издание на Showtime, едниствената конференција за трендови во евент индустријата кај нас, а од минатата година работиме и за конципирање и спроведување на креативни и уникатни настани и за потребите на нашите клиенти, како на пример лансирањето на Michael Kors Watches & Jewellery на македонскиот пазар. Така што, за сите оние кои сакаат да приредат уникатен и незаборавен настан, обратете се во Моментум Инк! :)

Пет прашања и пет фотографии со Ирина Тошева, една од нашите омилени дизајнерки >>

Фото и текст: Ерина Богоева

barate


МОЖЕБИ ЌЕ САKАТЕ ДА ГО ВИДИТЕ И ОВА

 

ПОПУЛАРНО


Booking.com

 

ШТО МИСЛИТЕ ЗА ОВА?