FaceBook  Twitter  

Билјана Радиновска е млада театарска режисерка која со своите претстави и проекти сосема го прикажува она „светско, а наше“.

„Во четврто одделение напишав/режирав претстава (не знаев тогаш дека тоа е професија, само знам дека ми беше интересно ) која се викаше „Среќа во несреќа“.“

Таа има дипломирано театарска режија на Факултетот за драмски уметности во Скопје, иако не секогаш била сигурна дека тоа е нејзината точна вокација. Јас сум сигурна дека сепак, ја погодила вокацијата. Билјана верува дека најмногу е дефинирана од летните престои кај баба и’ во село Јаргулица каде била под силно влијание на нејзините баби и дедовци, кои таа ги нарекува „бастионите на моето разбирање на светот а од таму и на уметноста и театарот“. Таа веќе има доста успешни режисерски проекти зад неа- како „Мизантроп“, „ Звукот на коските што се кршат“, „ Хаусситери“, „ Привид“, „КонФузија“, „Федра“, „Човекот кој го изеде светот“, „Зад кулисите/Да го заборавиме сето она кое не се случи меѓу нас“ како и последната „Да го поздравиш и да ми го бациш“, па затоа со неа позборувавме (малку низ фотографии) за нив и за нејзината претстава за театарот. 

Кој ти беше првиот допир со театарот?

Има две теории: Според мене- имавме детективска агениција како мали со сестра ми и братучедите во подрум и измислувавме приказни. Во тие моменти цела куќа стануваше сценографија за нас. Многу бевме посветени и сериозни. Според мајка ми- е во четврто одделение кога напишав/режирав (не знаев тогаш дека тоа е професија, само знам дека ми беше интрересно ) претстава „Среќа во несреќа“ се викаше. Едно од овие две е веројатно првиот допир.

Што е театарот за тебе?

Цртежов е на Boyon Keem и е најблиску до тоа да опише некое сознание за ова прашање.. некогаш мислам дека е побитно што можам да му бидам јас на него. ..

Моментално ти е актуенла феноменалната претстава „Да го поздравиш и да ми го бациш“. Како го совлада тој процес на работа, за да се постигне толку моќно дело?

Не бев сама, туку со ...

Наташа Петровиќ, Симона Спировска – Костовска 

Бојан Кирковски и Ненад Митевски

Сега си на постдипломски студии во Амстердам, Холандија. Какво ти е искуството таму?

Школото е DasArts скоро се прекрстија во DasTheater , и е дел од Универзитот за уметности Амстердам. Програмата е лабараториско-истражувачка . На почеток сум, само што помина прв семестар. Во многу интересно интензивна програма сум, учам многу, предизвикана сум креативно, интелектуално и емотивно. Како што би рекла (другарка ми) Чаки, сакав да се пробам во друга лига и мерак ми е што имам прилика да се развивам.

5. Дали спремаш некој нов проект за во Македонија?

Да.

Оваа слика е всушност одговорот на Билјана на последното прашање...

Фотографија и текст: Ерина Богоева

barate

    Кликни тука и внесете го Вашиот субјект бесплатно >>

loading...
Loading...


МОЖЕБИ ЌЕ САKАТЕ ДА ГО ВИДИТЕ И ОВА

 

ПОПУЛАРНО

 

STIPKA 3TV PRESENTS


Почнете да не следите и на Инстаграм и освојте вредни подароци http://instagram.com/stipkamagazine >>

 

ШТО МИСЛИТЕ ЗА ОВА?

 

НАЈНОВО ...

ШИK ПРИКАЗНИ ...

WHERE CITY GUIDE

Ресторанот "ОЛИМПИА" е лоциран во населба Радишани, на 8 км од центарот на Скопје, во удобна и тивка атмосфера. ...
Хотелот "КАМНИК" е лоциран на влезот од градот оддалечен само 10 минути возење до центарот на Скопје. ...
Идеално место за разговор, откритие, потрага по нови идеи, релаксација и одмор со потполна слобода и приватност. ...
Добрата храна и доброто вино, одат со Добро друштво, пријатен амбиент и "Лира". ...
Хотелот Бистра е сместен близу до Мавровското езеро и три жичари кои водат до прекрасните скијачки терени. ...