loading...

Конечно дојде на ред првиот дечко во оваа рубрика и исклучително многу ми е мило што е Милош Б. Андоновски.

„Свежината која на нашиот театар очајно му треба, всушност, е новата публика; луѓе од сите возрасти и профили кои ќе умеат да направат разлика што е добро, а што не; се заситивме од гледање турски серии на сцена.“

Милош е еден од оние луѓе кои кога зборуваат за она што го работат комплетно засветуваат. А има и зошто – Милош работи со театар. Секогаш кога сум го сретнувала во неговата работна средина, дали било на работилници или на претстави, тој е како риба во вода. Но, првата диплома на Милош е од катедрата на Општа и компаративна книжевност при факултетот „Блаже Конески“ во Скопје, а магистрира на Институтот за македонска литература во областа на културолошките студии со тема насловена „Влијанието на културните и психолошките процеси врз актерската креација на ликот“. Паралелно се запишува на Факултетот за драмски уметности на катедрата за театарска режија во класата на проф. Слободан Унковски и проф. Златко Славенски, каде дипломира во 2015 со претставата „Поблиску“ според текстот на Патрик Марбер. Сега Милош предава Театарска уметност на средношколци во програмата за Меѓународна матура, а со него зборнавме малку за театарот и малку за подучувањето.

Имаш две факултетски дипломи - една од Општа и компаративна книжевност и една од Театарска режија. Дали овие две полиња успеваш да ги споиш и ако да, како?

Да, секако. Театарот и литературата се комплементарни, а и кога ќе ми се смачи од едното, го имам луксузот да се свртам кон другото. Постојано се губам и наоѓам во обете сфери. Инаку имам и трета факултетска преку која ги спојувам првите две. :)

5 прашања и 5 фотографии со Лилика Стрезоска  >>

Што е театарот за тебе?

Тоа што е за мене театарот, за жал, не е и за многу други. Можеби некогаш било, но со текот на времето забораваме на ветувањата што сме си ги дале додека сме биле на академија и додека сме се собирале по станови, бифеа или сме работеле на проби. Сепак, театарот за мене е будењето на другите. Најчесто секогаш станувам рано, дури и кога имам слободен ден.

Ја водиш иницијативата „Театар за сите“. Што всушност е тоа?

Верувам дека секој подучувач, во основата од областа која ја предава, вметнува нешто што е повеќе од самата област, нешто што е над литературата, математиката, театарот, хемијата итн. Театар за сите е простор во кој, преку театарската уметност и нејзините сфери, учиме за емпатија, сочувствувањето. И не само тоа: тоа е можност преку која нови, потенцијални театарџии можат да се испробаат пред да одлучат да конкурираат на академија. Останатите, пак, научуваат критички (што би значело будно и активно!) да ја гледаат претставата од своите седишта, наместо да ги фаќа дремка од она што им се сервира. Свежината која на нашиот театар очајно му треба, всушност, е новата публика; луѓе од сите возрасти и профили кои ќе умеат да направат разлика што е добро, а што не; се заситивме од гледање турски серии на сцена.

Пет прашања и пет фотографии со прекрасната Јована Зука >>

Кои ти се предизвиците во работата со „необучени“ актери?

Предизвици има со „необучените,“ а особено со „обучените.“ :) Вистински предизвик сме ние, обучените. Мислиме дека знаеме сѐ. Овде, секако, мислам на мене и мојата генерација театарџии.

Каде повеќе се пронаоѓаш: во предавањето или режирањето?

Во режирањето зашто таму и подучувам.

Пет прашања и пет фотографии со актерката Ангела Димитрова >>

Текст и фотографија: Ерина Богоева

barate

loading...
Loading...


МОЖЕБИ ЌЕ САKАТЕ ДА ГО ВИДИТЕ И ОВА

loading...

 

ПОПУЛАРНО