FaceBook  Twitter  

Лилика Стрезоска по школување е лингвист, но попозната јавно е како фотограф со екстремно истенчено чувство за фотографии полни со чувства.

Секој нејзин портрет не’ тера да сакаме да ја запознаеме личноста која таа ја портретирала, а секоја нејзина фотографија од градови или места не’ тера да сакаме да ги посетиме локациите како што таа ги доживеала. Лилика до сега била дел од многу групни изложби, но својата прва самостојна изложба насловена „5 минути“ ја има во 2015та година во Скопје. Со Лилика позборувавме малку за нејзиниот процес на фотографирање, како и за поврзаноста со Берлин.

Од идеја, до краен продукт- кој ти е омилен дел од процесот на создавање на една фотографија?

Јас ќе тргнам од неомилениот дел, дека моментално сум таму, самиот факт дека на една идеја - со која живееш и ја негуваш – и’ доаѓа крајот, процесот на напуштање на таа илузија за мене е бескрајно тажен, но доста креативен. Најомиелниот ми е оној кога после одреден период на двоумење, на трпење промени, на откажување, на повторно продолжување, има еден блиц момент кога знаеш како идејата да ја собереш во едно нешто. На секоја идеја е многу битно да и’ се даде доволно време, без разлика на тоа колку болки ќе голтнеш во себе :)

„На секоја идеја е многу битно да и’ се даде доволно време, без разлика на тоа колку болки ќе голтнеш во себе :)“

Оние кои те следат на Инстаграм (@lilika_phototemple/) сигурно го воочиле твојот уникатен #тисиодмарс/#youarefrommars. Каков концепт претставува тоа?

Ти си Берлин, Јас Виена, Ти си од Марс, Јас од Венра. Уникатен е моментот како јас се закачив на овие зборови и не мислев дека ќе се најдам на Марс утредента. Ова е приказна за тоа колку луѓето можат да бидат далеку едни од други, за зборовите кои тежат, за безусловната љубов и бескрајното мечтаење, за магичните луѓе кои сакаш да се покрај тебе - ама за жал се на друга планета.

Неодамна неколку твои фотографии беа изложени во Берлин. Како дојде до оваа соработка?

Пред да одам за Берлин имаше конкурс за уметници кои сакаат да ги изложуваат своите дела во галеријата “ Berlin Blue Art Space’’. Тие потоа избраа 2 мои фотографии кои беа дел од групната изложба насловена како „XXS Summer edition’’.

Во што константно наоѓаш инспирација?

Во просторот каде што тлеат неискажани зборови помеѓу две личности.

Твоите портрети се константно многу уникатни. Која позната личност би сакала да ја портретираш?

Би сакала да поминам еден ден и да ја фотографирам Бриџит Лакомб.

Фото и текст: Ерина Богоева

barate

    Кликни тука и внесете го Вашиот субјект бесплатно >>

loading...
Loading...


МОЖЕБИ ЌЕ САKАТЕ ДА ГО ВИДИТЕ И ОВА

 

ПОПУЛАРНО

 

STIPKA 3TV PRESENTS


Почнете да не следите и на Инстаграм и освојте вредни подароци http://instagram.com/stipkamagazine >>

 

ШТО МИСЛИТЕ ЗА ОВА?

 

НАЈНОВО ...

ШИK ПРИКАЗНИ ...

WHERE CITY GUIDE

Хотел Park Lakeside се наоѓа на околу 2,8 km од Античкиот театар во Охрид. Вклучува сончева тераса и отворен базен. ...
Ресторанот Градска Кафеана се наоѓа на Широк сокак.
"TЦЦ Плаза" е повеќенаменска зграда на четири ката, лоцирана во центарот на Скопје. ...
Хотел, спа центар и аква паркот Изгрев е сместен на самото крајбрежје на Охридското езеро во Струга. ...
Овде, во хотел Континентал ќе ви помогнеме да создадете свадбата на вашите соништа! ...