Ви претставуваме кои се топ 10 ѕвезди за оваа година

Ви ја претставуваме листата со десетте највлијателни ѕвезди во светот на модата за 2017 година според сервисот за пребарување „Lyst“. На самиот трон е Ријана која оваа година покрај пеењето се занимаваше и со мода и бјути колекции. Потоа е Селена Гомез, а по неа Бела Хадид за која оваа година и ние многу често ви пишувавме.

Но она што нам ни го привлече вниманието е Меган Маркл која се најде на четвртото место според оваа листа. Таа по снимањето на серијата „Suits“ се откажа од глума и се сврши со британскиот принц Хари за кој треба да се омажи на пролет следната година. Од тогаш за нејзиниот стил постојано се зборува, а се што носи станува омилено парче на многу жени ширум светот. По неа на листата е Кејт Мидлтон, чии модни избори редовно ни се во фокусот, додека на шестото место е Меланија Трамп, нашата, а претпоставуваме и вашата омилена дама меѓу првите дами. На седмото место е A$AP Rocky а по него следува американската пејачка и актерска ѕвезда Хари Стајлс кој важи и за модна тин-икона. Следна на списокот е Кајли Џенер (верувале или не, ама Кајли е единствената од Кардашијанците на овој список!), а како последна е познатиот модел и манекенка Емили Ратајковски која во изминатава година подигна голема прашина за снимање на контроверзниот календар за магазинот „Love“.

barate

 


МОЖЕБИ ЌЕ САKАТЕ ДА ГО ВИДИТЕ И ОВА

 

ПОПУЛАРНО


Booking.com

 

ШТО МИСЛИТЕ ЗА ОВА?