Ева Лонгорија Бастон е бремена!

Според магазинот „Пипл“ познатата актерка со нејзиниот сопруг Хосе Анотнио Бастон го чекаат првото дете. Според информациите што се појавија во медиумите, парот чека дете и тоа машко, а во прилог на ваквите гласини одат и нејзините осцилации во килограмите, со акцент на стомакот кој е се позабележлив во последно време.

Актерката поради тоа знаеше и да се пошегува на своја сметка со зборовите дека не е бремена туку дека јаде многу сирење. Но како што пренесуваат американските магазини, сега познатата актерка и нејзиниот сопруг со кој се венча минатата година, очекуваат бебе. Ева зад себе има брак со Тони Паркер со кој беше мажена од 2007 до 2011, и брак со Тајлер Кристофер кој траеше од 2002 до 2004.

Бракот со Хосе и е трета среќа, а од фотографиите што ги објавуваат на Инстаграм можеме да видиме дека навистина се среќни.

barate

 


МОЖЕБИ ЌЕ САKАТЕ ДА ГО ВИДИТЕ И ОВА

 

ПОПУЛАРНО


Booking.com

 

ШТО МИСЛИТЕ ЗА ОВА?